Мистеријата на саудискиот принц ја загрижи ЦИА
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2018
Дали саудискиот принц Мохамед бин Салман се обидува да стигне до атомска бомба?
Американските разузнавачки служби се обидуваат да ја решат мистеријата.
Неговата земја води преговори со САД со кои се обидува американската Влада да ја натера да и продаде технологија за изградба на нуклеарна централа.
Официјална Саудиска Арабија настојува самата да го произведе нуклеарното гориво. Тоа создава огромна загриженост во Вашингтон дека Ријад би можел тоа гориво да го пренасочи и во тајниот програм за производство на нуклеарно оружје.