МИСТЕРИОЗНИ ИСЧЕЗНУВАЊА: Полицијата трага по четворица, меѓу нив и две малолетнички
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2017
Четири лица меѓу кои и две малолетнички, се пријавени како исчезнати, соопшти МВР.
Една девојка (16) од Велес, вчера излегла од дома и не се вратила, а случајот го пријавил нејзиниот татко З.К. (46). Исто така во непознат правец вчера исчезнала и 17 годишна девојка од Скопје,
Други две лица за кои полицијата трага се А.В. (19) од Кавадарци и Б.Ј (43) од Свети Николе.