20 Декември, 2025
0.0702

Мит или вистина за светските економии: Ирска лежи на нафта!

Објавено во: Свет 27 Април, 2013 09:50

Добивај вести на Viber

Во последно време се појавуваат се повече потенцијални наоѓалишта на нафта. Нејасно е дали нивниот капацитет е навистина така голем како што се претпоставува или пак главна цел е да се направи притисок на цената на нафтата, која сеуште е енергенс број еден во светот.

Пред некое време пишувавме како САД може да ја замени С. Арабија, за Кипар пишуваа дека има многу гас и постојано се откриваат некои нови полиња на енергенси. Времето ќе покаже колку тоа е точно, но ова е најновата приказна:

Ирска пред ударот на кризата беше една од најбрзорастечките економии и не за џабе го доби името Келтски тигар. Сепак ударот кој го доживеа беше многу тежок и државата мораше да ги национализира банките и на тој начин страшно многу да го зголеми нивото на јавен долг. Главната причина е тоа што национализацијата нормално падна на трошок на државата, а национализирани беа банкрот банки. Ситуацијата споредено со тоа што се случуваше пред некој месец . Тони О Рајли е директор на компанијата Провиденс и заедно со гигантите JP Morgan, HSBC и Black Rock финасира еден проект кој може да ја смени Ирска. Ирска во моментов, како и Македонија увезува 100% од нафтата која ја користи или 140.000 барели нафта на ден. Наоѓалиштето на кое се работи во моментов во иднина може да испорачува 100.000 барели дневно. Неговата компанија работи заедно со Ексон, Репсол и Ени и започнуваат да бушат 200км оддалеченост од ирскиот брег. Според него потенцијалот кој го има овој басен е 350.000 барели дневно, но како што кажавме на почетокот се планира да се експлатираат 140.000 барели. Ова не е премногу нафта, на пример новите наоѓалишта во Дакота и Монтана во САД се очекува доколку излезе точно да носат 18 милиони барели на ден. Сепак за Ирската економија која порасна со 0,9% во 2012 година после долгите проблеми со рецесија, ова може да биде голем поттик за иден развој. редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот