19 Март, 2024
0.0277

Младеновски се поправи: Нема да вработувам буквално пријатели и блиски во „Балканлар пластик“

Објавено во: Економија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Александар Младеновски, директорот на Дирекцијата за трговско-индустриски развојни зони, синоќа испрати објаснување дека не планирал буквално да вработува свои пријатели и блиски во странската инвестиција „Балканлар пластик“, чија изградба на капацитетот започна вчера. Испрати дообјаснување за, како што вели, негова изјава да не биде погрешно разбрана.

„Би сакал да потенцирам, со цел да не бидам погрешно протолкуван за моето денешно обракање во употребената фраза ,,мои пријатели ќе работат во оваа нова компанија”. Koга го споменав тоа мислев на моите пријатели, врсници или луѓе на помлади години кои се подготвени за работа, а тоа се младите луѓе од нашата земја кои наместо да ја напуштат ќе имаат прилика да останат тука и да работат и заработуваат во сопствената земја“, се вели во објаснувањето на Младеновски.

Младеновски на свеченото започнување на изградбата на инвестицијата која треба на крајот да вработува 300 луќе и да вложи од осум до 10 милиони евра говореше заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и премиерот Зоран Заев.

- Кога ќе погледнам дека нешто почнува да се гради многу ме радува. Поради тоа што сум сигурен дека за некој месец на ова исто место ќе работат мои пријатели, блиски, рече Младеновски за време на својот говор.

„Балканлар пластик“ е турска инвестиција а ќе произведува амбалажа за градежната,  автомобилската и млечната индустрија во развојната зона Скопје 1.


Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте