Младите тешко до работно место - колку од нив се невработени?
Објавено во: Економија 13 Мај, 2017
Младите луѓе во Македонија тешко доаѓаат до работа.
Продолжува континуираниот раст на невработеноста кај младата популација во Македонија.
Ова се гледа од податоците кои ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС) и според кои на крајот на минатата година во земјава, 48,2% млади, се евидентирани како невработени.
Податоците покажуваат дека 85.000 невработени биле на возраст до 29 години.
Над 182 027 лица за работа чекаат повеќе од
една година. Неработените претежно се со средно образование.
Статистика објави дека заклучно со 2016 година, стапката на невработеност во земјава изнесува 23,1%. Ова е најниско ниво досега.
За споредба во 2015 година бројот на невработени лица бил 248 933, а во 2016 година изнесувал 225 049 лица.
Лани 730 290 лица се сметале за неактивно население, а во 2015 година 721 735 лица биле неактивни.