ММФ на Албанија ќе и даде помош од 1,3 милијарди евра
Објавено во: Свет 24 Април, 2013 09:52
Меѓународниот монетарен фонд на новата влада на социјалистите, доколку тие победат на изборите закажани за 23 јуни, ќе и даде помош во износ од 1,3 милијарди евра, тврди албанскиот весник „Дита“.
Според вториот најтиражен весник во земјата, лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама во Скадар имал разговори со претставници на ММФ, на кои ги уверил дека откако ќе ја преземе власта ќе ги обнови односите на Албанија со фондот, прекинати од премиерот Сали Бериша во 2009 година.
Во замена за тоа ММФ сакал на Албанија да и даде 1,3 милијарди евра под форма на помош за намалување на долгот на земјата, пишува весникот.
Албанската влада секоја година трупа дополнителен долг од околу 500 милиони долари за да да ги исплаќа каматите од претходните задолжувања на земјата, дополнува весникот, подвлекувајќи дека овие пари се доволни за изградба на нов автопат од Скадар до Валона.
Со помош на ММФ долгот на Албанија може да се намали за околу 200 милиони долари годишно, што можат да бидат искористени за патишта, училишта и други проекти, посочува весникот „Дита“.
Грчката агенција АНА-МПА соопшти дека Социјалистичката партија, која е најголемата опозициска сила во земјата, информирала дека постигнала спогодба со уште 42 партии за формирање на „Алијанса за европска Албанија“. Името на новата алијанса било дадено од лидерот на социјалистите, Еди Рама.
Политичката ситуација во Албанија е доста напрегната по оставката на тројца членови на централната изборна комисија. Тројцата и припаѓаат на опозицијата, која ја обвинува владеачката партија на Сали Бериша дека се обидува по секоја цена да ја контролира оваа комисија и дека го користи државниот апарат за да го фалсификува резултатот од парламентарните избори во јуни.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




