27 Април, 2024
0.0265

Мобилното банкарство на Халкбанк сега достапно и на AppGallery на HUAWEI

Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Услугата мобилно банкарство на Халкбанк која овозможува корисниците да имаат увид во своите сметки и да вршат трансакции на брз и едноставен начин, сега е достапна и наAppGallery на Huawei.

Клиентите на Халкбанк, корисници на мобилни телефони Huawei, на овој начин ќе можат да ги вршат сите услуги на електронското банкарство - увид во сметки, платежни картички, кредити, извршување плаќање преку користење на ПП30 и ПП50 налози од своја трансакциска сметка, можност за креирање на сопствени шаблони за плаќање,лоцирање на најблиски банкомати и филијали, промена на лозинка и 24/7 телефонски контакт со банката.

Физичките лица со активна трансакциска сметка и дебитна картичка, преку мобилната апликација со својот мобилен телефон можат да вршат и повлекување готовина од АТМ на Халкбанк, како и да ја користат најновата услуга SmartSend која овозможува лесно префрлање средства, со еден клик, на контакт од телефонскиот именик кој има активна сметка во Халкбанк и успешно активирана SmartSend услуга.

Апликацијата мобилно банкарство на Халкбанк е достапна на следниов линк.

AppGallery на Huawei постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи компанијата е обезбедување на најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.

Во портфолиото наAppGalleryсите апликации, кои се поделени во 18 категории, се развиваат со највисоко ниво на безбедност гарантирана преку механизам за верификација, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурност и заштита.

Официјалната платформа за преземање апликации на Huawei – AppGallery е во првите 3 продавници за глобални апликации, со над 500 милиони активни корисници месечно и истата нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“