05 Мај, 2024
0.0268

„МОРА ДА ДИПЛОМИРАМЕ, НЕМА КАДЕ ДА ПРАВИМЕ ТРАНСФЕР“: Студентите од Факултетот за бизнис економија револтирано протестираат

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Студентите од Факултетот за бизнис економија денеска повторно прават силни напори за враќање на професорите на работните места откако пред самиот старт на новата академска година директорката Жанина Кировска ги оотпушти сите и остана единствената вработена во оваа високообразовна институција. А таа самата е претходно разрешена.

-Крајно сме револтирани од институциите, веројатно да бевме во некоја друга држава ќе реагираа и ќе ни обезбедеа професорски кадар. Кога веќе не можеа да ни најдат нови професори ние сме приморани да одржиме мирен протест, каде што ќе бараме да ги разгледаат одлуките за престанок на работниот однос на нашите досегашни професори и доколку постои законски основ да наложат да ги вратат на работа а ние да продолжиме со студии. Додека институциите не се координираат во меѓусебното работоње и не наоѓаат решение, ние сме колатерална штета. Институциите постојано ја префрлаат топката едни на други. Од просветниот инспекторат не испраќаат во трудовиот инспекторат. Велат тие можат да ги вратат професорите назад затоа ние на ден денеска ќе сеупатиме пред Општина Центар пред просториите во коишто работат инспекторите за труд, вели студентката Марија Михајловска која треба само да ја одбрани дипломската работа.

Посочува дека студентите веруваат во нивната некорумпирана работа и бараат што побрзо да излезат со извештај.

-Додека сите тие бавно работат ние губиме. Огромна е бројката на студенти коишто треба даја одбранат дипломската, на оние коишто имаат еден или два испита до дипломирање, оваа група нема каде да направи трансфер. Ние мораме да дипломираме на Факултетот за бизнис и економија. Вратете ни ги професорите на работните места, кога веќе два месеци не најдовте новиапелираат студентите.

Истовремено велат дека Министерството за образование мора да ги повика сите институции коишто се инволвирани во процесот, и да изнајдат решение со кое нема да оштетат ниту еден од студентите, без разлика која година се. Денеска јавно го повикуваат и основачот на Факултетот за бизнис економија.

-Јавно би го прашала и основачот Џенк Јилмаз каде е? Кога ќе не повика на состанок и ќе ни објасни што се случува, затоа што е очигледно дека под негови ингеренции сето ова се случува. Која е позадината? Кога тој ќе вработи професори, и ќе ни овозможи настава и испитни сесии? Ние обврските према факултетот ги подмиривме врз основа на сите пропишани рокови. Мислам дека е редно време тие да ги подмират кон нас. И додека раководството си поигрува секојдневно со нас мислам дека е редно време институцииите да не заштитат, затоа што сме граѓани на оваа наша држава. Безобразно е како сите дигаат раменици и бегаат од оговорности, додека ние безнадежно чекаме да ни подадат рака. Јас би се заблагодарила и на подршката која што ни стигна од здруженијата на студенти, од невладини организации и коишто доколку оваа приказна наскоро не добие позитивен епилог, ќе ни сепридружат на масовен протест, вели Михајловска за Фактор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник