11 Декември, 2023
0.0227

МОРА ДА ИМА НЕКАКВО РЕШЕНИЕ ЗА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ: Еве во што е штосот

Објавено во: Финансии, Македонија 20 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

До крајот на месецов мора да има некакво решение за платите на избраните лица затоа што се потребни законски измени кои треба да поминат во Собранието, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Како што посочи, работната група се уште не поднела предлог за намалување на функционерските плати бидејќи министерот за информатичко општество деновиве не бил во државата.

-Мислам дека неделава ќе се состанеме пак за конечно да дадеме предлог. Мислам дека ќе мора да има одредено решение до крајот на ноември затоа што секако ќе изискува законски измени коишто ќе треба да поминат на Собрание. Парите што би останале ќе ги вратиме на пензионерите, на студентите, на сите на коишто им се потребни повеќе од можеби на одредени функционери, рече Битиќи во одговор на прашање по отворањето на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели Цветови“ во општина Кисела Вода ка кое присуствуваше заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

За најавените протести на дел од вработените во јавниот сектор на кои бараат зголемување на платите рече дека прават се што е потребно и дека немаат проблем да ги зголемат платите ако се добива соодветна услуга и доколку тоа не биде на штета на другите.

-Нема проблем – ќе решиме се, само да не биде на штета на другите. Притоа, треба да не заборавиме дека ако го зголемите фондот за плати во здравство, во обвинителство, во судовите ќе треба да скратиме од пензиите, ќе траба да скратиме од оброците за студентите, ќе треба да скратиме од книгите за учениците. Едноставно е , изборот е тој, рече Битиќи.

Ние, додаде, правиме максимум што е потребно. 

-Промените не се случуваат преку ден, ниту преку ноќ. Бараат одредено време. Мораме одредени промени да ги правиме за да не се на штета на друго место. Јас и министерката за труд и социјална политика сме вклучени во скоро сите преговори со сите страни и немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство, притоа ако имаме здравствени услуги соодветни за нашите баби, дедовци, родители, за нас самите. Ние немаме проблем да ги зголемиме платите и во судство и во обвинителство ако притоа граѓаните не чекаат по шест години за своите предмети за да им се реши судбината, порача Битиќи. 

Министерката Тренчевска  посочи дека согласно новата методологија во општиот колективен договор во септември следната година ќе има ново покачување на платите на вработените во јавниот сектор согласно одредбата од општиот колективен договор.  

Прашана дали со порастот на минималната плата во март 2024 година веднаш ќе порастат и платите во јавниот сектор рече дека не се знае дали тоа ќе биде во март или во септември.  

-Ќе видиме дали усогласувањето ќе биде во март затоа што потпишувањето на општиот колективен договор беше воспоставување на нова методологија. Десетте проценти во септември што ги зедоа сите вработени во јавниот сектор во септември 2024 година уште едно усогласување на платите и во март 2025 година да започнеме со новата пресметка на платите односно коефициент помножен со просечна плата, посочи Тренчевска.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ОВАА КАНАДА ДЕНЕС НЕ Е ЗЕМЈА ВО КОЈА БИ ДОШОЛ“ Горан брутално за кириите, платите,цените и кредитите

„ОВАА КАНАДА ДЕНЕС НЕ Е ЗЕМЈА ВО КОЈА БИ ДОШОЛ“ Горан брутално за кириите, платите,цените и кредитите

„ДА СУМ ЈАС ВЛАСТ, БИ ГИ ЗАБРАНИЛ КРИПТОВАЛУТИТЕ“ - Џејми Дајмон му се „нафрли“ на биткоинот

„ДА СУМ ЈАС ВЛАСТ, БИ ГИ ЗАБРАНИЛ КРИПТОВАЛУТИТЕ“ - Џејми Дајмон му се „нафрли“ на биткоинот

НАШИТЕ БАНКИ СЕ СООЧИЈА СО МНОГУ КРИЗИ, НО ТИЕ СЕ СТАБИЛНИ И ОТПОРНИ - еве што порача гувернерката Ангеловска-Бежоска

НАШИТЕ БАНКИ СЕ СООЧИЈА СО МНОГУ КРИЗИ, НО ТИЕ СЕ СТАБИЛНИ И ОТПОРНИ - еве што порача гувернерката Ангеловска-Бежоска

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

РУСИЈА ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД НАФТА ОТКОЛКУ ПРЕД САНКЦИИТЕ: Пораснале приходите од продажбата

РУСИЈА ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД НАФТА ОТКОЛКУ ПРЕД САНКЦИИТЕ: Пораснале приходите од продажбата

РАСТЕ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - очекуваат ли акционерите „мрсна“ дивиденда од моментално најпрофитабилната банка

РАСТЕ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - очекуваат ли акционерите „мрсна“ дивиденда од моментално најпрофитабилната банка

ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОДИНА 100 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Лукаревска со детали за антикризните мерки

ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОДИНА 100 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Лукаревска со детали за антикризните мерки

Маринис Стратопулос уште четири години ќе биде член на НО на Стопанска банка Скопје - ГУВЕРНЕРКАТА ЈА ИЗДАДЕ ПОТРЕБНАТА СОГЛАСНОСТ

Маринис Стратопулос уште четири години ќе биде член на НО на Стопанска банка Скопје - ГУВЕРНЕРКАТА ЈА ИЗДАДЕ ПОТРЕБНАТА СОГЛАСНОСТ

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари