МОРНИЧАВИ ДЕТАЛИ: ЈА ДАВЕЛ СО ГОЛИ РАЦЕ ДОДЕКА НЕ ПРЕСТАНАЛА ДА ДИШЕ - нови моменти од истрагата
Објавено во: Балкан 06 Април, 2024
Синоќа, еден час по полноќ, во Вишото јавно обвинителство Заечар заврши рочиштето на двајцата убијци на малата Данка Илиќ, Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50).
На двајцата им е одредена мерка притвор до 30 дена по сослушувањето, а се пренесени во Окружниот затвор во Заечар.
- Срѓан Јанковиќ се бранеше молчејќи. За разлика од него, второосомничениот Дејан Драгијевиќ речиси два часа детално разговарал за тоа што се случило. Тој раскажал дека откако ја удрил со автомобилот, малата Данка паднала, а тој истрчал од совозачкото седиште, пришол на слабата девојка и веднаш почнал да ја дави со голи раце. Со сета сила и го стиснал вратот и таа многу брзо престанала да дише, според негова проценка. После тоа и го ставиле телото во багажникот, па се оддалечиле и го фрлиле на депонија - неофицијално дознаваат од обвинителството.
Потрагата по телото на Данка се уште трае.
- Она што е целосно нејасно е зошто и двајцата се кријат каде е телото. Очигледно е дека подоцна го преместиле телото, а зошто им е најважно телото да не биде пронајдено, останува нејасно бидејќи веќе имало тешко убиство, полошо не може да им биде - велат надлежните.
Осомничените за убиството на Данка Илиќ синоќа биле сослушани во обвинителството, а во таа прилика еден од осомничените го признал делото, додека другиот се бранел молчејќи.
Курир.рс
Фото: Принтскрин Курир.рс