Москва: Синот на Ердоган има интереси во нафтениот бизнис
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2015
Синот на претседателот на Турција, Реџеп Ердоган има „одредени интереси“ во нафтениот бизнис, а зетот на Ердоган го предводи Министерството за енергетика на земјата.
Тоа, го изјавил портпаролот на Путин - Дмитриј Песков, во програмата „Вијести во саботата со Сергеј Брилов“.
„Водени од изјавите на нашиот претседател. Навистина има одредени информации, не знам колку тoa е деталнo, но одредени интереси има“, изјавил Песков, цитиран од агенциите, одговарајќи на прашање на водителот „учествува ли синот на Ердоган во нафтениот бизнис“.
„Да посветите внимание на фактот дека новиот министер за енергетика во новата турска влада е зетот на Ердоган. Само констатирам“, истакнал Песков.