06 Мај, 2024
0.0245

Може ли Турција да го затвори Босфорот за Русите?

Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Растечките  тензии и санкциите меѓу Русија и Турција го разбудија прашањето за тоа дали официјална Анкара може да го икористи во конфликтот затворањето на премините за руски бродови. Тоа би ја принудило Москва да ја обиколува цела Европа во Гибралтарскиот теснец и целото Средоземно Море, што ќе трае 13-14 дена.

Руски медиуми веднаш одговараат дека дури и да се направи таков обид, тој ќе пропадне, бидејќи статусот на Босфор и Дарданелите е гарантиран од меѓународните договори, поддржани од САД и водечките сили во светот. Освен тоа Русите користат и транспортни бродови под други национални знамиња.

Со месеци руски воени бродови, борбени и транспортни, поминуваат низ премините меѓу Црното и Егејското Море на пат за Сирија. Со десантни бродови беа префрлени стотици маринци и техника. Пред 2 месеци Ројтерс раскажа за развиен систем за превози меѓу Новоросијск во источниот дел на Црното Море и поморската база во сирискиот град Тартус.

Ограничувањата на активностите на Анкара се толку големи што дури да се смета под воена закана, останува обврзана да ги препушта сите бродови, вклучувајќи ги и оние под знамето на потенцијалниот противник.

Тоа е определено од Конвенцијата од Монтро од 1936година прлагоден режим за премин преку Босфорот и Дарданелите, потсетува РБК. Ова е еден од најстарите активни меѓународни договори, на кој Турција и Русија се членови.

Во член 2 е запишано дека трговски бродови можат непречено да поминат "дење и ноќе, независно од знамето и товарот". Ако Турција е во војна, таа е должна да пропушти граѓански бродови на пријателски и неутрални земји, но само ноќе и во определен морски пат од Анкара.

Во однос на воените бродови во мирно време турските власти се должни да пропуштаат такви со мала и средна тонажа, а за земјите од црноморскиот регион - од секаков вид. Единственото ограничување е да минуваат еден по еден или со минимална придружба (до 2 миноноачи).

При војна или при воена закана Анкара оценува кого од боречките флоти да премине низ теснеците. Но ако не е официјално прогласена војна, Турција е обврзана да препушти премин на туѓи бродови, под услов да се најдат  отсечени од база на својата морнарица. За затворање на Босфор и Дарданелите е потребно согласност на ОН.

Турција одби да се приклучи кон изработената во 1982г. Конвенција на ОН за поморско право и така статусот остана да се определува според Конвенцијата од Монтре.

Во 1994. Анкара еднострано ја воведе Регулативата да преминот во теснец, го дава нејзиното право да ги затвора при научни, поправка, дупчење, полициски и други операции. Бродови со должина над 200 метри можат да минуваат само во дневните часови и со турски лоцман. При сомневање дека се прекршени еколошки или други национални норми, може да се прави проверка на товарните бродови. Ова особено важи за превоз на нафта и го ограничува пристапот на руски танкери, кои доаѓаат од Новоросијск со нафта од Русија, Казахстан, Азербејџан и Туркменистан.

Според податоците на руската "Транснефт" минатата година во премините поминале 124 милиони тони Нафта и нафтени производи, од кои руска нафта биле 24,6 милиони тони а производи - 37,2 милиони тони.

Од руските црноморски пристаништа се извезува исто руско жито (19.2 милиони тони за првите девет месеци од 2015 година), црни метали (10-8 милиони тони ) и јаглен (6 милиони тони ), но не е јасно колку од нив поминуваат преку Босфорот.

Можеби ќе ве интересира

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

„ДА НЕ ЗБОРУВА ДЕКА Е ТОЈ МРТОВ ЧОВЕК, БИДЕЈЌИ СИТЕ ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ЖИВИ“ - адвокатот на семејствата огорчен од таткото на Коста

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ХРВАТСКА: Убиена е жена, уапсен е член на семејството

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ТРАГЕДИЈА ВО АЛБАНИЈА: Поради семејно насилство мајка со трите деца се фрлила вo река

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

ДИЈАНА ЃОКОВИЌ, МАЈКАТА НА НОВАК ЈА ПРОМЕНИЛА ВЕРАTA: Родителите не ме учеа да верувам во Бога

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

ЛОНДОН, АМСТЕРДАМ И ДУБАИ СЕ „МЕКА“ ЗА ГОСТИ БАЈТЕРТЕ! Во потрага по леб, овие четири земји се најпривлечни за нашите соседи од Србија

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите