МОЖНА Е ПОЈАВА НА СВЛЕЧИШТА: Силен потрес во Индонезија
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2020
Силен земјотрес од 6 степени е регистриран во Индонезија.
Епицентарот бил на 141 километри западно од градот Абепур, на длабочина од 33,6 километри. Индонезискиот Центар за земјотреси и цунами соопшти дека нема опасност од појава на големи бранови, затоа што земјотресот бил во внатрешноста на земјата. Граѓаните треба да внимаваат затоа што можна е појава на свлечишта. Нема информации за евентуално настрадани луѓе и причинета материјална штета.
Во рок од недела дена во Индонезија имаше и два други силни потреси, од 5 и 5.7 степени.
Утрово во соседна Грција имаше земјотрес со јачина од 5 степени.