Добивај вести на Viber
Македонската радиотелевизија, немајќи простор за емитување на програмата, одлучила наесен да пушти трет канал, пишува дневниот весник „Вест“.
Според информациите на весникот, новиот канал на македонски јазик нема да емитува специјализирани содржини, туку ќе биде програмски, сличен на вторите програми на Хрватската радиотелевизија и на Словенечката радиотелевизија.