05 Мај, 2024
0.0260

МТСП: Бремените жени и хронично болните да останат дома

Објавено во: Македонија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Поради опасноста од ширење на коронавирусот, од Министерството за труд и социјална политика излегоа со препораки. 

Градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома како превенција од ширење на коронавирусот, информираат од Министерството за труд и социјална политика. 

Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.

„Министерството за труд и социјална политика (МТСП), согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата ја известува јавноста дека следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој како и во дневните центри на територијата на Република Северна Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа. За спроведување на оваа мерка се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, да бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски и нивното отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот“, стои во соопштението. 

Се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, времено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.​

Во Македонија денеска нема нов заразен со коронавирус, се покажа по направени тестирања. 

Досега има седум заразени, но првата жена кај која беше откриен вирусот, повторно имала негативен резултат, и можно е наскоро да биде пуштена дома. 

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца