13 Мај, 2024
0.0277

Му се заканува ли пропаст и на следниот попис кој ќе биде најверојатно во 2020 година?

Објавено во: Македонија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Според директорот на Заводот за државна статистика, Апостол Симовски, срамот за  пропастот на пописот од 2011 година падна токму на плеќите на оваа институција.

Иако бил вработен во заводот за статистика цели 27 години, во отсекот за попис, сепак не бил дел од операцијата пред седум години. За Симовски неуспехот се гледал кога се формирала државна пописна комисија и се прекршил Законот за државна статистика.

„Причината за несупехот на тој попис беше што, иако е статистичка операција, беше целосно исполитизирана, а можноста да се исполитизира ја дадовме ние како институција. Ја дадовме на тој начин што предложивме Закон за попис во кој што пописот требаше да го спроведува едно политичко тело кое се викаше Државна пописна комисија формирана од Владата, којашто колку и да е стручна и внатре беа стручњаци од било која област, не беа статистичари и беа луѓе кои никогаш не спровеле статистичко истражување“, рече директорот Симовски

Следниот пописот најверојатно ќе се одржи во 2020-та година. Тоа ќе биде во согласност со меѓународните препораки да се одбере година што завршува на нула или на еден и со напорите да се избегне политизација, со оглед дека 2019 и 2021-ва се изборни години. 

Нема да дозволиме политизација, вели Апостол Симовски. 

Симовски мисли дека нема потреба населението да се попишува според етничката припадност. Според препораките на Обединетите нации, вели тој, ова влегува во категоријата споредни белези, се прибира главно на Балканот и се користи само за политички цели.

Дали ќе биде прифатено неговото стручно мислење зависи од Владата и од Собранието.


Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА ГО ОБЈАВИ ЧЛЕНОТ ОД КАДЕ ДАВКОВА ЈА ЧИТАШЕ ЗАКЛЕТВАТА: Таму нема Северна?

КАРАКАМИШЕВА ГО ОБЈАВИ ЧЛЕНОТ ОД КАДЕ ДАВКОВА ЈА ЧИТАШЕ ЗАКЛЕТВАТА: Таму нема Северна?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПРОФЕСОРКАТА АСТЕРУД ЗА ЗАКЛЕТВАТА ВО КОЈА ДАВКОВА КОРИСТЕШЕ МАКЕДОНИЈА: “Да бев на нејзино место ќе изговорев како што е, таа сакаше да стави мевлем на раната„

ПРОФЕСОРКАТА АСТЕРУД ЗА ЗАКЛЕТВАТА ВО КОЈА ДАВКОВА КОРИСТЕШЕ МАКЕДОНИЈА: “Да бев на нејзино место ќе изговорев како што е, таа сакаше да стави мевлем на раната„

ВАНКОВСКА РЕАГИРАШЕ ЗОШТО ДАВКОВА ГО СЛАВЕЛА РОДЕНДЕНОТ СО АГЕЛЕР: Јас порадо би славела сама, таа со „кумата“ си водела женски муабет

ВАНКОВСКА РЕАГИРАШЕ ЗОШТО ДАВКОВА ГО СЛАВЕЛА РОДЕНДЕНОТ СО АГЕЛЕР: Јас порадо би славела сама, таа со „кумата“ си водела женски муабет

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски

„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

СЕ ЗАБИЛ ВО БАНДЕРА ПО НЕУСПЕШНО ФИЛМСКО БЕГСТВО ОД ПОЛИЦИЈАТА - скопјанец не сакал да доиздржи казна затвор

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

„Добро е што новата Претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име“ - еве што велат од Вреди за заклетвата на Силјанова - Давкова

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина

Спасени две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шар Планина