29 Април, 2024
0.0431

Мухамед Зекири: ДУИ не дозволи да се избере директор на „ревизија“

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, каско член на собраниската Комисија за именувања синоќа објави дека, како што вели тој, ДУИ во судир со СДСМ и другите партии не дозволила да се избере директор на Државниот завод за ревизија, иако на агендата беше предвидено тоа да се направи вчера.

„ДУИ продолжува да работи против интересите на Албанците. Доказ за тоа беше денешното дејствувањето на нивниот заменик Ејуп Халими во комисијата кој без гласање го напушти состанокот, спречувајќи професионален Албанец како Адам Цури да биде избран за директор на Државниот завод за ревизија“, објави потпретседателот на СДСМ.

Тој јавно му се заблагодари на поддршката дадена на овој предлог на СДСМ од пратеникот на албанската опозициска партија БЕСА, Фадил Зендели, кој пак напиша дека ДУИ не прифатила да се постави „Албанец професионалец на чело на оваа институција, туку Албанец од нивните редови, односно од огранокот во Чаир“.

„ДУИ не гласаше за албанскиот кандидат кој беше поддржан од повеќе партии, но не беше поддржан само од нив и од ВМРО-ДПМНЕ. Која може да биде причината за сето ова? Не може да има никоја друг освен борбата на ДУИ да ја задржи оваа институција во „клиничка смрт“, за да по изборите, ревизијата не го испита делото направено во институциите со кои управуваат“, напиша Зендели на Фејсбук.

По две години чекање вчера беше денот кога, според најавите, требаше да се избере нов главен државен ревизор на закажаната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Комисијата, чиј претседател е пратеникот Илија Димовски, ја продолжи 17. седница на која требаше да биде одлучено кој ќе биде директор на Државниот завод за ревизија. Притисокот да се одбере нов прв човек за оваа функција настана особено откако заводот остана без раководител, по истекот на мандатот и на заменик-директорот, и поради сензитивниот период кој следува со предвремените парламентарни избори во април догодина.

Собраниски извори претходно потврдија дека е постигнат договор за тоа кој ќе биде државен главен ревизор, но официјално неговото име не се соопштуваше. Огласот е отворен веќе две години.




Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски