15 Мај, 2024
0.0284

МУХАМЕД ЗЕКИРИ ГИ ПОДГОТВУВА ДОКУМЕНТИТЕ ЗА КОНКУРСОТ ВО ФЗО: Се поизвесно дека ќе седне во директорската фотеља

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

По оставката на Орхан Рамадани, кој досега ја вршеше должноста директор во Фондот за здравствено осигурување, на негово место Владата го именуваше Фатон Ахмети, кој е кадар на ДУИ. Но, Ахмети на оваа позиција ќе остане се до именување на директор по распишан конкурс, и тоа не подолго од шест месеци.

-Овие денови ќе биде распишан конкурсот за директорското место во Фондот за здравствено осигурување. Но, позицијата ќе ја добие човек од редовите на СДСМ, односно веќе е извесно дека тоа ќе биде Мухамед Зекири. Заради тоа, тој вчера си поденсе оставка од пратеничкото место, со цел да може да ги подготви документите кои се потребни за конкурсот. Таа работа во ФЗОМ е завршена, велат извори на Фактор.  

Инаку, во јавноста веќе подолго време се шпекулира за тоа кој ќе седне во директорскита фотеља во ФЗОМ. Изворите на Фактор велат дека за оваа позиција имало вистинска борба, во владејачката коалиција, а во игра досега беа и актуелниот в.д. директор на Фондот за здравство, Миле Сугарев, како и актуелниот директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, д-р. Ангелчо Андоновски.

Инаку, во јавноста има поделени мислења, дали Мухамед Зекири е вистинскиот човек кој треба да го раководи Фондот за здравствено осигурување, зошто според познавачите, првиот човек на оваа институција пред сè треба да има менаџерски способности, а уште поважно, како што велат изворите за Фактор, е да го разбира здравствениот систем. За дел од нив, Зекири ги нема тие квалитети.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“