08 Мај, 2024
0.0444

Мукаетов на 4-тиот Самит за Западен Балкан во Трст

„Ние треба да покажеме дека имаме капацитет да одиме напред. Самитот во Скопје ќе опфаќа конкретни решенија за поврзувањето“

Објавено во: Мои пари 13 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во рамки на 4-тиот Самит за Западен Балкан кој се одржа во пристанишниот италијански град Трст, веднаш по официјалното отворање на Постојаниот Секретаријат на Коморскиот инвестициски форум ВБ6, се одржа панел-дискусија на тема „Регионална економска област на Западен Балкан – патоказ кон членството во ЕУ“, на која заедно со претставниците на компании од Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Косово, Албанија и Србија, учествуваше и г. Живко Мукаетов, генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид АД“ Скопје.

Панелот опфаќаше бројни теми кои се од суштинска важност за регионална интеграција, како: градење синергии помеѓу компаниите во регионот; надминување на пречките за поинтензивна регионална интеграција; слободно движење на работната сила; ЗападниотБалкан како дестинација за инвестиции и слично.

Во рамките на панел-дискусијата, г. Мукаетов ја нагласи важноста на поврзувањето на регионот од повеќе аспекти.




„Пораката која Европската Унија ја испраќа на овој еминентен собир, е дека тие сметаат на нас, но од друга страна, ние треба да покажеме дека имаме капацитет да создаваме синергии и да одиме напред“, истакна Мукаетов.






Во поглед на мобилноста на работната сила, како алатка за развој на бизнисите, Мукаетов истакна дека е потребно да се унифицира и поедностави системот по примерот на Скандинавските земји,со што би се дестимулирало одлевањето на квалитетни кадри од регионот. Тој ја нагласи и важноста на димензионирањето на едукативниот систем во согласност со потребите на бизнисите, со штоби се намалила дискрепанцата во понудата и побарувачката на некои струки, односно би се продуцирале повеќе инженерски кадри кои во моментов се дефицитарни, а би се намалил бројот на кадрите по општествени науки, кои пак се суфицитарни. За овие и слични теми, Мукаетов ги покани присутните на претстојниот „Самит 100 на бизнис лидери од Југоисточна Европа“ кој на 16-ти и 17-ти октомври ќе се одржува во Скопје.


„Како платформа за соработка која успешно функционира веќе седма година, Самит100 во Скопје ќе вклучува конкретни теми и проекти кои се од стратешка важност за унапредување на бизнисите во регионот. Во Скопје, клучниот збор ќе биде ‘Поврзување’ а наш гостин ќе биде Европскиот комесар за транспорт, г-ѓа Виолета Булц. Ќе дискутираме за транспорт, инфраструктура, проектот ‘зелена Балканика’, слободно карго, брендирање на регионот, мобилност на работната сила, дигитализација и енергетика. За овие суштински предизвици, ќе предложиме решенија кои регионот би го направиле поконкурентен“, изјави Мукаетов.


Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“