05 Мај, 2024
0.0525

Муса Џафери: Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Нови превирања има во ДУИ. Муса Џафери, еден од предводниците на „огнената“ група  и претседател на надзорниот одбор на ДУИ, вчера од собирот во Кичево порача дека треба претседателот на ДУИ Али Ахмети да го спасат од првиот вицепремиер Артан Груби. 

Тој го обвини Груби за узурпирање на партијата и дека преку пропаганда дезинформира за незадоволните и за целите на „огнената“ група.

„Артан Груби само се крие и се брани зад ликот на Али Ахмети. Тој заедно со другите министри треба да се појави пред граѓаните и да даде отчет и да покаже колку инвестиции направил во Кичево. Која е причината за неинвестирање во Чаир? Каде одат парите од буџетот“, праша Џафери.

Со месеци оваа група алармира за постапките на неколку функционери во ДУИ. 

Изет Меџити тврди дека имале притисоци да не се сретнат со граѓаните на Кичево. 

„Не се оди во Европа со задушување на демократијата. Затоа, зашто нема извештаи, решивме да одиме на директни средби со граѓаните, тие да не слушнат, ние од нив да научиме што се бара и какви се забелешките за политичкото и економско дејствување“, рече Меџити.

Тој на лидерот Али Ахмети му порача дека „огнените“ не сакаат „да го отстранат Артан Груби за да го инсталираат Изет Меџити“.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца