МВР: Демонстрантите употребија распрскувачки средства
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2018
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вечерашниот јавен протест во Скопје, пред зградата на Собранието, дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда, истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието.
Со цел да се спречи ескалирање на ситуацијата и насилен упад во Собранието, а постапувајќи согласно процедурите, полицијата употреби солзавец.
Повредени се седум полициски службеници, а до сега се приведени 25 лица. Министерството
за внатрешни работи потенцира дека го почитува правото на мирен протест, но
нема да дозволи употреба на сила и насилен упад, како и нарушување на јавниот
ред и мир. Министерството апелира на демократски начин на изразување на јавното
мислење.