04 Мај, 2024
0.0274

На 11 ноември нема да се учи - ако Владата не ги исполни барањата, генерален штрајк на СОНК

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Професорите и наставниците на 11 ноември одат на генерален штрајк, ако во следниве две недели не се исполнат нивните барања. СОНК не го прифаќа понуденото зголемување на платите во образованието од 10 проценти. 

На денешната седница Советот на СОНК едногласно донел одлука да не се прифати одлуката, и своите интереси ќе ги брани на генерален штрајк.

„До поминувањето на рокот за штрајк, а тоа е 15 дена, бараме зголемувањето да започне од јануари 2020 година, наместо од април 2020 година. Бараме да се понудат и повисоки проценти отколку 10 проценти за зголемување. Пропратни барања, ако не ни ги исполнат барањата ќе биде и барање за изменување и дополнување на колективните договори во средно и основно образование, да се исплаќаат дополнителни часови, регрес за годишен одмор и така натаму. Ќе се бара доследно почитување на колективните договори“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК. 

Според него, ако не се исполни нивното барање, образовните работници на 11 ноември ќе почнат со генерален штрајк.

СОНК нема да организира протести или марширања, туку едноставно нема да се одржува настава.

Најлогичен след по одлуката за генерален штрајк, според Неделков, е повик од министерот за образование и наука, Арбер Адеми, на средба за да ги разгледаат сите нивни барања. Тој очекува нивните барања да се исполнат пред техничката влада, бидејќи договорот бил покачувањето да биде внесено во буџетот за 2020 година.

„Премногу сме коректни и скромни, овие наши барања не се од вчера или денеска, овие барања се од поодамна. Овој период е изненадување, не очекувавме брзи и предвремени избори. Одамна работиме за ова, имавме одлучни релации со МОН, ова не е предизборна уцена“, рече Неделков.

Тој смета дека практика во светски размери е да се коалицира партија со синдикат, а кај нас малку поинаку се гледа на тие работи. Во СОНК не размислувале дали би коалицирале со партија доколку им ги исполни барањата, иако не размислувале на таа тема.

„Ниеден наставник нема да му го скрати знаењето на ученикот кое му следува. Ние ќе им надоместиме на учениците. Ниту едно дете нема да му недостига едукацијата која му е загарантирана со Закон и Устав, но ќе се разгледа преку кои методи“, рече Неделков.

Првиот човек на СОНК очекува да се штрајкува во секое училиште, иако не е сигурен колкав број на просветни работници ќе го поддржат штрајкот.


Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра