НА 22 ЈУНИ ЌЕ СЕ ОТВОРААТ ХОТЕЛИТЕ: Владата ги утврди протоколите
Објавено во: Економија, Македонија 17 Јуни, 2020
Низа услови ќе бидат потребни за да повторно профункционираат хотелите во земјава. Владата синоќа ги утврди протоколите според кои ќе почнат да работат хотелските објекти. Од дезинфекција за обувки пред влезна врата, пулт за дезинфекција на раце во холот, како и задолжително носење на заштитна маска за гостите и вработените.
На рецепцијата во хотелите, каде што пултот не е доволно широк да обезбеди потребно растојание (1,5-2 м), во делот каде ќе оперира рецепционерот, да биде поставена монтажна преграда (шалтер) изработена од прозирна пластика или стакло, која во долниот дел има отворен простор само за манипулирање со клуч и документи. Монтажната преграда од прозирна пластика може да биде заменета со дополнително носење на визир од страна на рецепционерот.
Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број којшто, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби и којшто овозможува достатно меѓусебно растојание, а за тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот.
Читајте повеќе во комплетниот текст на следниот линк: https://faktor.mk/od-vlezot-preku-recepcija-pa-do-bolen-gostin---eve-gi-strogite-pravila-vo-protokolite-za-hotelite