13 Мај, 2024
0.0379

На 49 години почина претседателот на Управниот одбор на „Подравка“ - причините за смртта не се познати

Објавено во: Балкан 06 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот на Управниот одбор на Подравка, Марин Пукар, почина во болницата Копривничка. 

Оваа вест за Индекс.хр ја потврдиле од Хрватското здружение на работодавачи. Засега нема информации за причините за смртта.

Марин Пукар е роден во 1971 година во Задар. Тој имаше две ќерки. Во својата младост, тој беше голман и бранеше за Задар, Динамо и НК Загорец, но со фудбалот престана активно да се занимава по запишувањето на колеџ. 

Завршил економски факултет на Универзитетот во Загреб и завршил постдипломски научни студии по теорија и политика на маркетинг на истиот факултет. Тој ја заврши својата докторска студија за менаџмент на тема „Стратегија за управување со експанзија на брендот во хрватската прехранбена индустрија“. Имаше и диплома за менаџер на мало од Универзитетот Лидс Метрополитен во Англија. Ја завршил и менаџерската академија Помак, на Подравка.

Својата професионална кариера ја започнал во прехранбената индустрија Гавриловиќ д.о.о., од каде во 2001 година се префрли во Даница д.о.о., месна индустрија на Подравка д.д., каде во 2002 година стана нејзин директор за продажба, маркетинг и развој. Во 2003 година, тој беше назначен за извршен директор на продажба во Подравка. Улогата на член на Управниот одбор на Подравка д.д. ја има од 2008 до 2012 година, по што заминал во Звечево, на позиција член на Управниот одбор. Претседател на управниот одбор на Звечево д.д. е од 2014 година до август 2016 година.

фото и извор Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!