НА ЦРНА ГОРА И ТРЕБААТ 20 000 СЕЗОНЦИ: Еве колкава плата нудат на крајбрежјето
Објавено во: Балкан 03 Април, 2019
Како што се приближува летната туристичка сезона, Црна гора веќе бара сезонски работници.
Според проценките на Заводот за вработување, околу 20 000 сезонски работници ќе бидат потребни само на приморјето па претставниците на Владата и работоданците ги повикале домашните работници оваа сезона да најдат работа на црногорското приморје.
Поради тоа е организирана конференција „Да вработиме домашни“. Целта како што истакнале е невработените од Црна Гора да се вработат во текот на летната сезона а директорот на Заводот за вработување Сулјо Мустафиќ рекол дека од година во година се намалува бројто на невработени.
Мустафиќ посочил дека работа ќе има за 20 000 сезонци на приморјето.
Платата на сезонски работни во Црна Гора е околу 500 евра а во регионот единствено Хрватска има поголеми заработки.
FOTO: PROFIMEDIA