На Џамбаски не му се допаѓа што македонските политичари им го честитаа Свети Сава на Србите
Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021
На европратеникот Ангел Џамбаски не му се допаѓа тоа што македонските политичари на Србите им го честитаа празникот Свети Сава.
Вели дека не познава ниту еден друг премиер што би им честитал на окупаторите и на колонизаторите на сопствената држава.
„Дури и површен преглед на историските извори и на времето непосредно пред и по 1903 година на географското подрачје на Вардарска Македонија, современа Република Северна Македонија, јасно ги покажува улогата и односот на Србите кон локалното, главно бугарско население што живеело таму“, напиша на Фејсбук европратеникот Ангел Џамбаски.