Добивај вести на Viber
На едно четиричлено српско семејство му требаат 2.000 евра месечно за пристоен живот.
Овој конфор може да си го приушти секој 17 вработен, а ниту еден пензионер. Сите останати живеат потешко, така што не можат да си дозволат летување, зимување, да отидат во кино или во ресторан. Според некои неофицијални информации, во Србија над 100.000 вработени заработуваат над 120.000 динари. Тоа е 5.8% од вкупниот број вработени во Србија.
Ако се земе во превдид просечната српска плата од 40.443 динари, тоа значи дека еден човек би требало да работи три работи за да живее пристојно неговото семејство.
Тука се засметани и трошоците за гориво за автомобил кои месечно чинат околу 100 евра, а кога се спомнува зимување и летен одмор, се мисли на зимување во Србија и летување во Грција, не на некоја подалечна дестинација.