(ФОТО) НА ГРАНИЦА ИМА И ТЕПАЧКА, КОЈ ПОПРВО ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО РЕДОТ: „Двајца Македонци и еден Србин агресивно ја изразија нервозата“
Објавено во: Македонија 20 Август, 2023
Цело лето на граничниот премин Богородица кон Грција има долги колони возила, посебно во викенд деновите, но утринава е забележана досега невидена гужва. Луѓето со часови стојат во место, а нервозата е се поголема.
-Тука сме повеќе
од три часа. Сега бевме сведоци и на физичка пресметка. Освен возила има и многу
автобуси. Повеќето од возилата се обидуваат да се приклучат токму меѓу нив, но
овој пат трпението изгледа им беше на крај. Двајца Македонци и еден Србин
буквално се истепаа. Се туркаа, Србинот од автобусот им седна на хауба на возилото и не им даваше да поминат. Но, нашиве претходно направија голема грешка, влегоа во колона која не е за нив, па ги вратија. Затоа и сакаа потоа да се вклучат меѓу автобусот. Не знам до кога вака ќе се чека. Во меѓузоната е
неиздржлово. Кола до кола, се поместуваме едвај по метар, два, вели соговорникот
на Фактор.
Обично, од 20. август има нова тура туристи, заради што денеска гужвата е и значително поголеми и секако времето на чекање на граница се брои во часови.
ФОТО: Фактор