На Груевски, Јанакиевски и Трајковски ќе им се суди за рушењето на Космос
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2017
Судот го прифати покренатото обвинение од Специјалното јавно обвинителство за предметот „ТНТ“ кој произлезе од прислушкуваните разговори за рушењето на објектот „Космос“ на семејството Цаноски.
Поранешната в.д претседателка на Кривичниот суд Татјана Михајлова позитивно го оценила обвинението за случајот на „ТНТ“ што значи судењето ќе може да започне.
За ТНТ ќе можат да бидат слушнати и 26 прислушувани разговори кои Кривичен ги одби, но Апелација пресече дека можат да бидат дел од доказите.
Во предметот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и уште четири лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.