03 Мај, 2024
0.0270

На кое дереџе падна „Сковин“? По 5 „банки“ (денари) за акција!

Објавено во: Финансии 17 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Нов историски рекорд во аналите на Македонска берза. Акцијата на поранешната винарија „Сковин“ во која најголем акционер е „Фершпед“ вчера прокнижи пад на цената од 99 отсто. Беа продадени 11.000 акции по цена од (пет банки н.з.) односно 5 денари за акција

Акцијата на позната скопска винарија „Сковин“ регистрираше историски (но за жал „црн“ рекорд н.з.) на Македонската берза за хартии од вредност. Акцијата на „Сковин“ вчера се тргуваше по цена од 5 денари што претставува пад од 99 отсто во однос на последната пазарна цена на таа хартија од вредност. За 11.000 акции односно 1 отсто од сите акции на таа компанија денеска некој зема, а друг плати само 55.000 денари. Ако се суди по вчерашната цена на таа акција вчера „Сковин“ вредел вкупно 5,5 милиони денари што е помалку од 100.000 евра. Со оглед на тоа дека „Сковин“ има вкупно 359 акционери од кои „Фершпед“ е убедливо најголем и има 96,7 отсто од акциите со право на глас, логично е дека таа компанија е купувач и на овие 11.000 акции за 55.000 денари. Досега нема официјална информација за тоа кој продава, а кој купува. Доколку има „Фактор“ ќе ја сподели со своите читатели.

Последната трансакција со таа акција е регистрирана на 29 ноември 2018 година. Тогаш цената за една акција била 500 денари, а била истргувана само една акција.

Што е всушност „Сковин“?

Да потсетиме дека оваа компанија во која од четири члена на Одборот на директори два се синовите на Штерјо Наков : Драган и Сашо зимоска одлучи и го продаде имотот со кој располага „Сковин“ и трговските марки за вкупно 3,35 милиони евра. Како понудувачи се јавија два правни субјекти. Првиот е домашната компанија „Сковин винарија ДООЕЛ“ која е заинтересирана за купување на движен и недвижен имот од „Сковин“ и сингапурска компанија SIAK PTE. LTD која е заинтересирана за купување на трговските марки на скопскиот производител на вино. 

Предлогот членовите на Одборот на директори го дадоа заради тоа што (цитираме) : понатамошното работење на Друштвото ќе продуцира дополнителни загуби кои го ставаат Друштвото во позиција на негативно работење и неможност да се измируваат обврските спрема доверителите . Во интерес на Друштвото односно на акционерите е да се изврши купопродажба на целокупниот имот на Друштвото со што би се обезбедиле средства за покривање на обврските спрема доверителите.

„Сковин “ во последните три години (од 2017 до 2019 година) бележи пад на приходите од дејноста. Лани компанијата завршила со загуба од 2 милиони евра. Повеќе информации за крвната слика на „Сковин“ на следниот линк Податоци за издавачот - Сковин АД Скопје.

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција