На MSAN највеќе пари му носат уредите од сопствениот бренд Vivax
Објавено во: Балкан 07 Јуни, 2017
Најголемата хрватска ИТ компанија лани од Vivax имала приход од 38.6 милиони евра, или 17% од вкупните приходи.
Тринаесет е среќен број за оваа хрватска фирма, затоа што толку години и беа потребни од дистрибутер да се претвори во произведувач.
MSAN во петокот објави дека сопствениот бренд Vivax поединечно стана најголем извор на приходи.
Владимир Бркљача одговорен за Vivax објави дека имаат 38.6 милиони евра, или 17% од вкупните приходи. Тој го претстави новиот паметен телефон Vivax Fly 4. Оваа година очекува раст на приходите, во рамки на производството на паметни телефони, клими, телевизори, апарати за домаќинство. Тие вработуваат 80 стручњаци и очекуваат приходи од 45,3 милиони евра.
Прв таблет, прв паметен телефон
„Со 17% од уделот на приходи во M SAN групата успеавме да сме први по приходи внатре во компанијата, која има темелно работење на полето на дистрибуција“ - вели Бркљача.
Денес развојот на високотехнолошки марки е насока за развој на сите дистрибутери, и трговци со ИТ во Хрватска, а M SAN во развој на свој бренд тргна уште во 2003 година. Во времето кога почна со Vivax, М SAN имаше вкупен приход од 738,9 милиони куни.
Денес Vivax генерира скоро половина од тој износ.
Замав фирмата зема кога пред 5 години без некоја помпезност го лансираше првиот таблет. Тогаш имаше и две класични мобилни телефони.
Една година подоцна го пласираа и својот прв паметен телефон кој имаше голем успех на хрватскиот пазар.
Две недели по пласирање на првиот мобилен, имало побарувачка за 4000 парчиња, од што компанијата заработи 3 милиони куни.
Лани продале 150.000 паметни телефони, во 24 различни држави, а само од новиот модел Fly 4 се очекува до крајот на годината да биде продаден во 10.000 парчиња.
M SAN оваа година очекува раст на продажбата на паметни телефони за 36.000 парчиња.
Според првите 5 месеци, продажбата се одвива според планираното темпо.
Вредноста на испораките расте брзо за 45%.
До крајот на годината планираат да пласираат уште 4 до 5 паметни телефони, а со еден од нив да влезат и во топ 3 на хрватскиот пазар.