18 Мај, 2024
0.0324

НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ го пречека првиот лет на Нордика од Талин

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Четириесет и пет минути по полноќ, на аеродромот Св. Апостол Павлево Охрид, воден мост го поздрави првиот лет од Талин.По успешните преговори меѓу ТАВ Аеродроми и Нордика, естонскиот национален авиопревозник денес го отвори првиот сезонски лет на релација Талин – Охрид – Талин

Патниците од воздухопловот со 90 седишта, Bombardier CRJ900, беа топло пречекани со разнобојни колачиња додека се симнуваа од воздухопловот за нивното ново патничко искуство во Охрид. 


Од денес, 2 јуни, па се до 15 септември, новата сезонска линија Талин – Охрид – Талин ќе сообраќа секоја сабота.Времето на пристигнување на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид од Талин е 00:45 часот, а полетувањето назад кон Талин во 01:20 часот.

-Среќни сме и со задоволство ја пречекуваме најавената нова линија на естонската Нордика на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.Талин, петтата нова дестинација воведена на аеродромот Св. Апостол Павле во Охридво последната година, како нов пазар за патници во доаѓање, ќе донесе многу бенефиции не само за аеродромот, туку и за целиот туристички сектор во Охрид и воопшто во нашата држава.Благодарение на Маркетинг-одделот на ТАВ Аеродроми, очекуваме повеќе од 2.500 патници од главниот град на Естонија да го посетат бисерот на Македонија, Охрид и Охридското Езеро, да го збогатат нивното патувачко искуство и да раскажуваат за природните убавини и за гостопримството на Македонија и на Македонците,изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.


Билетите за 3-часовниот лет на релација Талин – Охрид – Талин се веќе во продажба од 26 септември 2017г., на интернет страницата на Нордика https://www.nordica.ee/со цени од 99.90 евра.

Нордика го промовира Охрид меѓу Естонците како најпопуларна дестинација за одмор во Македонија, како убав и романтичен град, со богата архитектура, со прекрасни пејзажи, притоа потсетувајќи ги нивните патници дека Охрид е еден од најстарите градови во Европа, и е на Листата на светско наследство на

-Ова е голем ден за Нордика, бидејќи го отвори првиот директен лет меѓу Естонија и Македонија! Охрид е многу значаен за нас, од повеќе причини: Охрид е нашата најјужна дестинација, првата летна сезонска авио-линија која не е блиску до море и воопшто првата рута во Македонија. Имаме големи надежи за оваа линија и се надеваме дека ќе донесеме многу Естонци во Македонија, а во исто време би сакал да ги поканам и сите Македонци да уживаат во естонското гостопримство, изјави Свен Кукемелк, Извршен директор за бизнис-развој на Нордика.


Според претставниците на Нордика, линиите за летната сезона на авиокомпанијата се многу популарни и за време на минатата летна сезона авиокомпанијата опслужила преку 20.000 патници на сезонските летови до Сплит, Ријека и Одеса.

Естонскиот национален авиопревозник Нордика нуди голем број директни летови од Талин до различни европски дестинации, а во соработка со партнерски авиокомпании нуди летови за конекции до преку 140 дестинации во светот.

Со воведувањето на новиот чартер лет на 15 април, Истанбул–Охрид–Истанбул, летната сезона за 2018 г. на охридскиот аеродром беше официјално отворена.Линијата Ајндховен–Охрид–Ајндховен, отворена во мај оваа година, како и чартер летовите што веќе сообраќаат од/до Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, како и трите редовни летови до Базел, Цирих и Лондон, го прават Охрид сè поатрактивна дестинација за туристите. 

Затоа, ТАВ Македонија очекува фрекфентна летна сезона бидејќи Талин е 8-та дестинација додадена на мрежата на авиолинии на аеродромот во Охрид.Нордика сега го поврзува македонското одморалиште со Естонија и претставува уште еден нов пазар за патници во доаѓање на охридскиот аеродром и за туристи на Охридското Езеро.

Во првите пет месеци од 2018 година (јануари – мај), вкупно 822.678 патници патувале преку двата македонски аеродрома, Меѓународен

Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, со пораст од 20% на годишно ниво.

Во исто време вкупниот број на летови е 7.196, со 17% пораст на годишно ниво.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата