27 Април, 2024
0.0271

НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: ТАВ го пречека првиот лет на ТУИ од Ајндховен

Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Со воден мост во форма на виножито, ТАВ Македонија попладнево го пречека првиот лет од Ајндховен кој пристигна на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и донесе 180 патници со авион од типот Боинг 737-800 на авиокомпанијата ТУИ-флај, во организација на холандскиот тур-оператор ТУИ.

Новите сезонски летови Ајндховен-Охрид-Ајндховен почнуваат од денеска, 11 мај и ќе траат до 21 септември. На оваа релација ТУИ ќе лета секој понеделник и секој петок, со време на пристигнување на охридскиот аеродром во 13 часот и 30 минути и време на заминување за Ајндховен во 14 часот и 25 минути.

- Многу сме среќни што ТУИ ги проширува своите операции, носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи и повеќе туристи на прекрасното Охридско Езеро. Се надеваме дека пакет-аранжманите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од другите европски земји, кои ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат нејзини редовни посетители - изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

ТУИ веќе оперира на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а Ајндховен го воведува како втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Оваа нова авиолинија, која ќе функционира секој понеделник и секој петок, ќе ги поврзе Охрид и Ајндховен, кој е лоциран во јужниот дел од Холандија и е блиску до белгиската граница, поради што се очекува да привлече и туристи од Белгија.

Сезонските летови од Ајндховен се очекува да донесат од 3.000 до 3.500 патници на охридскиот аеродром, додека севкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, се очекува дека ТУИ ќе донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро оваа година. 

ТАВ Македонија има фрекфентна летна сезона на охридскиот аеродром. Годинава сезоната беше отворена на 15 април, со пуштањето на новата авиолинија Истанбул-Охрид-Истанбул од авиокомпанијата Онур ер.

Покрај Истанбул и Ајндховен, како нови дестинации на охридскиот аеродром во текот на летото 2018 година, ќе бидат отворени и Талин и Варшава.

Со овие 4 нови сезонски летови отворени во 2018 година, и постоечките до Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, охридскиот аеродром Свети Апостол Павле има 8 сезонски дестинации во текот на летната сезона, во периодот од април до октомври.

Во моментов, од охридскиот аеродром има 3 редовни авиолинии во текот на целата година - Базел, Цирих и Лондон. Од ноември 2018 година, Виз ер ќе ја  отвори новата рута Виена-Охрид-Виена, како редовна авиолинија, оперативна во текот на целата година. 

Во првите четири месеци од 2018 година (Јануари-Април), вкупно 633.136 патници патувале преку двата македонски аеродроми - Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, што е пораст од 20% на годишно ниво. Во исто време, вкупниот број на летови е 5.553, што е пораст од 17% во однос на истиот период лани.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“