08 Мај, 2024
0.0244

На претстижниот саем ISM 2020 во Келн, Витаминка се претставува осма година по ред

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Витаминка има успешно претставување на својот асортиман производи на најголемиот саем за кондиторски производи – ISM 2020 во Келн, Германија што започна на 2ри и ќе трае до 5ти февруари 2020 година. Саемот претставува одлична можност за претставниците на нашата најголема компанија која работи во прехранбената производствена индустрија, да ги продлабочат односите и соработките, како и да остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.


Настапот на саемот ISM 2020 е од големо значење за изложувачите, затоа што на тој начин се обезбедува успешно пробивање до светските пазари.Прилепска Витаминка традиционално зема активно учество на овој престижен саем осум години по ред и се претставува со целиот асортиман на грицки и слатки производи, кои што предизвикуваат особен интерес од страна на посетителите. На тој начин компанијата го потврдува фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, како и со креирање конкурентна понуда за задоволување и на најспецифичните барања од страна на потрошувачите се олеснува патот до глобалниот пазар.


Оваа година на ISM беа преставени и најголемите технолошки иновации и сите трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите. На саемот во Келн оваа година учествуваат повеќе од 1600 производители од 65 земји од светот, а се очекува посета од повеќе од 38 000 посетители од 140 земји од светот, на простор од 120 000 м2.


Можеби ќе ве интересира

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Преку „Рамка за помош“, НЛБ Банка ја поддржува грижата за менталното здравје на адолесцентите: М–р Лариса Стојковиќ Трајкоска од Центар за раст и развој на личноста „Синтеза“

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“