На што се ќе трошат Владата и министерствата?
Објавено во: Економија 27 Септември, 2018
Од достапните податоци се гледа дека СОЗР од почетокот на годинава досега склучила шест тендери.
СОЗР склучи два договори за потребите на државната управа и тие се услуги од мобилна телефонија и за фиксна телефонија. За службени мобилни телефони е склучен договор вреден 292.680 евра. За фиксна телефонија договорот вреди 121.950 евра. Освен тоа СОЗР годинава набавува и телефонска централа за 20.833 евра.
Возилата за кои е задолжена СОЗР е значајна расходна ставка и за нив се склучени 4 договори по тендери. Најголем е тендерот за оперативен лизинг на нови возила и за него СОЗР ќе плати 1,78 милиони евра.
Читајте уште