На средбата со Шилегов моторџиите му кажаа да не прави проблеми таму каде што ги нема
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2018
Неколку мото клубови денеска беа примени на средба со Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
На средбата се разговарало за плановите на град Скопје за регулирање на паркирањето мотори при што Шилегов им предложил дека градот планира да наплаќа 5 до 7 денари од час за паркинг на мотори.
Моторџиите кои се собраа на предупредувачки протест пред канцелариите на град Скопје, пак искажаа незадоволство и му порачаа на градоначалникот „да не прави проблеми таму каде што ги нема и да ги решава вистинските проблеми во соообраќајот во Скопје“.
Градоначалникот Шилегов, пак кажал дека сезонава паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ се планира да се означат места за паркирање на мотори и моторцикли и услугата да биде бесплатна а откако ќе се создадат навики и ќе се изгради култура за правилно паркирање на моторите, според Шилегов, веќе од следната сезона предвидено е да почне да се наплаќа паркинг услугата и за моторите.