На светот му се заканува катастрофа и самоуништување?
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2018
На светот му се заканува глобална катастрофа.
Часовникот кој го одбројува времето до судниот ден е поместен поблиску до полноќ по година на тензии помеѓу Северна Кореја и САД.
Овој часовник е креиран во 1947 година кога група експерти работеа на создавањето на првата атомска бомба, процес познат како „Проектот Менхетен“.
Целта на научниците со овој часовник е да им покажат на луѓето колку блиску сме до самоуништување поради опасните технологии.
Часовникот е поместен минатата година за 30 секунди, а сега е поместен уште за толку.
Тој покажува две минути до полноќ, што е најблиску од 1953 година.
Причините за поместување на стрелките научниците ги гледаат во постојаните закани помеѓу Доналд Трамп и Ким Цонг Ун, кој има посилно копче кое би можело да предизвика нуклеарна катастрофа и извршените пробни тестови на Северна Кореја која не почитува ниту една друга држава и затоа е скоро целосно изолирана.
Како причини се наведуваат и тензиите меѓу Русија и САД, но и развивањето на нуклеарните програми во Индија и Пакистан.