06 Мај, 2024
0.0261

Нафтата достигна двегодишен врв-што ја турна кон раст?

Објавено во: Економија 26 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Шпекулациите за намалување на производството на нафта се одразуваат во почетокот на неделата на цените на американската лесна сурова нафта и на нафтата од сортата Брент кои се зголемиле до највисокото ниво од јули 2015 година.

Лондонските фјучерси на Брентот со испорака во ноември се зголемиле за 46 центи на 59,48 долари за барел, откако додадоа 3,8 отсто во својата цена во понеделникот. Претходно, цената достигна 59,49 долари - највисока од 10 јули, објави Ројтерс.

Фјучерсите на американската сурова нафта (West Texas Intermediate, WTI) со испорака во ноември поскапеа за 15 центи до 52,37 долари за барел, откако порано достигнаа петмесечен врв од 52,43 долари за барел.

Растот кај Брентот значи и петти ден по ред на поскапување, зголемувајќи ја цената од малку над 55 долари за барел пред една недела, откако членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и други производители потврдија дека  пазарот наскоро ќе се ребалансира.

Влијание врз растот покажа и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со својата закана од понеделникот дека Турција ќе престане да дозволува дотур на нафта од курдскиот дел на Ирак. Разгневен од референдумот за независност во ирачки Курдистан, Ердоган вчера соопшти дека ја затвора копнената граница со регионот и се закани дека ќе го запре извозот на нафта низ турска територија. Притоа, го зголеми притисокот врз курдскиот автономен регион, кој одржа референдум за независност. И покрај меѓународните критики, Курдите во северен Ирак одржаа историска анкета за нивната независност. Сепак, Турција не го признава резултатот, бидејќи се плаши од дестабилизација на регионот во сопствената земја.

Според комерцијалните експерти на Комерцбанк, некои од последните коментари на ОПЕК ја поддржуваат цената на Брентот. Во петокот, тие оптимистички шпекулираа за ценовните движења до крајот на годината. Ограничувањата врз суровините помагаат да се намалат резервите од сурова нафта до петгодишно средно ниво, рече Кувајтскиот министер за нафта Ессам ал-Марзуки, кој претседава со состанокот на министрите.

"Од состанокот во јули, пазарот на нафта се подобри извонредно", рече тој на отворањето на состанокот. "Пазарот е очигледно добар сега и оди на ребаланс", рече тој.

Според проценките на Блумберг , цената на Брент се зголеми за околу 24% во овој квартал. Ако овој тренд продолжи, ова ќе биде најголемиот скок од вториот квартал од 2016 година, кога вредноста на суровините се зголеми за над 25%.

За нафтата во САД, растот на третиот квартал е над 13 отсто

Можеби ќе ве интересира

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како се почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК