Награда Ел ГРЕКО за најдобар уметник на Арт Тесалоники 4 на Мице Јанкуловски
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2019
Синоќа, на Арт Тесалоники 4 каде беше претставена изложбата „Неочекуван дијалог - ПИКАСО и ЈАНКУЛОВСКИ - керамики и слики“, Мице Јанкуловски ја доби наградата Ел ГРЕКО за најдобар уметник.
Куратор на изложбата е проф. Манос Стефанидис од Атина, кој за проектот рече:
Заеднички елемент на двајцата креатори е чувството за драма и чувството за игра, чувство за страдање и чувство за страст, кои по дефиниција се нарушени од уметничкото творештво. Црната доминира, додека белата и сината ги поставуваат границите и интензитетот на овој неочекуван, интересен дијалог.
Или, се вели во соопштението, оваа година АртТесалоники 4 постави високи стандарди!
За изложбата е изготвена ексклузивна публикација која заедно со монографската книга „Мице ЈАНКУЛОВСКИ - сликарство | Форма III“ ќе бидат промовирани ова попладне во рамките на Арт Тесалоники 4.