04 Мај, 2024
0.0302

Најдовски Перин: Пописот е договор на политичките партии за нивни интереси, а не за интересите на населението

Објавено во: Македонија 01 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Пописот и натаму е топ тема во Македонија. Откако на 30 март беа објавени податоците за пописот спроведен во 2021 година, не стивнуваат партиските реакции и коментирањето на бројките.

Големата македонска заедница во Австралија го бојкотираше електронскиот попис и тоа се виде и од бројките за попишаните во дијаспората.  Но, дали бојкотот направи штета? Д-р Ицо Најдовски Перин, историчар кој живее во Австралија вели дека пописот во Македонија е нелегитимен и невалиден.

„Уште на почетокот укажувавме дека пописот е договор на политичките партии за нивни интереси, а не за интересите на населението. Методологијата на пописот е неприфатлива затоа што не е со стандардите за попис на ОН и ЕУ. Попис се прави исклучиво само за населението кое на денот на пописот се наоѓа во државата. Нема држава во светот која во пописот како статистика  внесува иселеници. Потоа со методологијата се овозможуваше попишување од трети лица на свои членови од фамилијата, роднини и пријатели. На пример, јас ја попишав мојата покојна мајка и таа е влезена во статистиката. Попис се прави за правилна распределба на буџетот на државата, а не за политички проценти и со тоа промена на етничкиот состав во Македонија и разгранување на државниот буџет со напумпани и измислени бројки“, вели Најдовски.

Додава дека со пописот треба да се детектираат потребите на народот за изградба на нови патишта, нови училишта, градинки, изградба на болници, спортски игралишта. Најдовски е категоричен дека пописот не е наменет за потребите на населението.

„Како ќе знае Апостол Симовски како живеат попишаните иселеници, колку плата земаат, дали се вработени, дали се попишани во земјите каде што живеат, плаќаат ли данок во тие земји, итн? Што се однесува до нас Македонците во Австралија слободно можам да кажам зошто не се попишаа. Прво, на 4 март 2018 година, македонската заедница од Австралија донесе одлука дека нема да има соработка со антиуставно преименуваната татковина Македонија. Второ, ниту една организација, медиум или активисти не беа контактирани за методологијата и начинот на попишување, а за возврат албанската дијаспора имаше министри за помош платени со народни пари да шетаат низ Европа и да воспоставуваат пунктови и масовно да внесуваат бројки без контрола и тоа се покажа завчера дека не е легитимно. Ако ние во Австралија имаме одлука да не соработуваме со дивоградбата Северна Македонија, се поставува прашањето зошто Македонци немаше да им помагаат на иселениците во Европа, Канада и Америка? На крај да констатирам дека овој попис е нелегален, нелегитимен и антиуставен и како таков треба да се поништи затоа што не ја отсликува реалната состојба во Македонија. Погрешен е и измислен бројот на етничките Албанци, а драстично е намален бројот на етничките Македонци. Исто така неправилности има и кај останатите. Вчера видовме дека бројката на непопишано население е поголема од 10%, но тоа не го гледа директорот Апостол Симовски кој имаше врзан директорски потпис со заменикот директор кој е претставник на политичката партија ДУИ. Врзан потпис не постои во светот за статистика на населението“, вели Најдовски Перин.

Според објавените резултати, во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.

Заедно со дијаспората како вкупно население се попишале 1.137.030 Македонци (54,21%), 619.187 Албанци (29,52%), 83.443 Турци (3,98), 49,104 Роми (2,34), 24.759 Срби (1,18), 18.163 Бошњаци (0,87), 9.208 Власи (0,44), 24.165 останати (1,16).

Во дијаспората се попишале речиси три пати повеќе Албанци од Македонци. 63.731 биле Македонци, а 172.942 биле Албанци.

Левица се изјасни дека не го признава овој според нив фингиран попис, а ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тој е нецелосен. Според Павле Трајанов, претседателот на Демократски сојуз, околу 90 отсто од 132.269 граѓани кои не биле попишани како резидентно население, што претставува 7,3 отсто од вкупниот број евидентирани 1.836.713 лица, се етнички Македонци. И здружението Македонците во светот не ги признава резултатите од пописот. Самка Ибраимовски, претседател на политичклата партија ПЦЕР, поранешен министер без ресор во Владата на Зоран Заев, како и поранешен пратеник oбјави дека во многу градови попишувачи не ни биле, и по бројките вели испаѓа дека Ромите само умирале, а не се раѓале. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите