Најголемата општинска организација на СДСМ го предложи својот фаворит за претседател
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2019
Општинската организација на СДСМ Куманово го предложи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за кандидат за претседател на Македонија на претстојните избори на пролет.
Спасовски е поранешен советник на општина Куманово, а СДСМ Куманово е најголема општинска организација на ниво на цела Македонија на владеачката партија.
- Со ова се надеваме дека ќе успееме да имаме претседател на држава од Куманово,“-изјави Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово.
Тој е подржан и од окрузите во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Кратово, а на последново место победил меѓу пет предложени кандидати.
Предлозите се доставени до централата. СДСМ ќе го одбере конечниот кандидат на 3 март.