08 Мај, 2024
0.0235

Најголемата руска банка ја напушта Украина

Објавено во: Економија 28 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Најголемата руска банка „Сбербанк“ објави дека го продала својот удел во Украина.

Во соопштението на финансиската институција чиј контролен удел се држи од руската држава, се наведува дека таа има склучено договор со конзорциум од инвеститори. Во неговиот состав влегуваат како латвиската „Норвик банка“, така и приватни компании од Белорусија.

„Договорот се очекува да биде завршен во првата половина на 2017 година“, посочуваат од „Сбербанк“, пренесува Макфакс.

Банката се соочува со потешкотии во Украина од 2014 година, кога руската држава го анектира полуостровот Крим. Според украински активисти „Сбербанк“ е симбол на несаканото руско присуство во земјата и нејзините филијали и згради кои често пати станувале предмет на вандализам во последните три години.

На 16 март украинскиот претседател Петро Порошенко воведе едногодишни санкции на голем број руски државни банки во земјата, вклучувајќи ја и онаа на „Сбербанк“, кои и забрануваат да го извезува нејзиниот капитал надвор од земјата.

Во рамките на кампањата за одземањето на лиценцата на банката во Украина, претходно овој месец активисти го заѕидаа влезот на една нејзините филијали во Киев.


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката