НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Кој ја зема највисоката плата во Македонија?
Објавено во: Економија 03 Февруари, 2016 12:38
Информатичари, пилоти и финансиски сектор се професиите кои носат најголема заработка во моментов во Македонија. Наспроти нив најниско платени професии se рибарството,угостителството и текстилната индустрија покажуваат статистичките податоци.
Во секторот на воздухопловство, висината на просечниот личен доход достигнала 68.166 денари во ноември лани покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика. Над просекот се и платите исплатени во телекомуникацискиот сектор со 50.097 денари и финансиските и услужни дејности имале просечна месечна заработка од 43.740 денари.
Што се однесува до фармацевтската инфустрија, енергетскиот сектор и консалтинг услугите податоците велат дека вработените земаат од 37.000 до 39.000 денари.
На пазарот на труд и понатаму најбарани се градежниците кои имаат плата од над 19 илјади, додека здравствените и социјалните работници заработуваат по 24.500 денари.
Прсечната плата на вработените во јавната администрација изнесува 26.368 денари (430 евра).
Луѓето кои се занимаваат со рибарство и аквакултура според ланската ноемвриска плата се најмалку платени. Нивните месечни примања изнесувале само 12.389 денари (201 евро). Друштво со приближни плати им прават и вработените во рестораните чии месечни примања се од 13.321 денари (216 евра). Тука спаѓаат и Производство на мебел со со 13.367 денари (217 евра), текстилната индустрија со плата од 13.660 денари (222 евра) и одржување на згради, каде што просечната плата е само 13.733 денари (223 евра).
Мажите и натаму полесно наоѓаат работа и се подобро платени од жените, а лицата со завршено високо и вишо образование се значително подобро позиционирани на пазарот на трудот, отколку оние со основно и средно образование, покажуваат податоците. Најголем дел од невработените се лица со средно образование.
Во споредба со останатите земји од регионот, жителите на Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина се подобро платени, додека Албанците и Србите заедно со Македонците имаат најниски плати.
Можеби ќе ве интересира
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?




