11 Март, 2025
0.0261

НАЈПРВО ОБЈАВИ „НАСКОРО ЌЕ УМРАМ“ - потоа објави видео од „окото“ на бурата, сепак го преживеа ураганот

Објавено во: Свет 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Инфлуенсерката Керолин Каловеј предизвика големо внимание откако на социјалните мрежи изјави дека нема да се евакуира поради ураганот Милтон и дека „наскоро ќе умре“. Неколку часа подоцна таа објави слики од „окото“ на ураганот.

Каловеј живее на Флорида, во зона за евакуација, но одбила да го напушти својот дом.

Неколку часа подоцна таа на социјалната мрежа X, поранешен Твитер објави видео на кое се гледа како изгледа кога си во „окото“ на невремето.

„Токму сега во очи на бурата. Еве видео од претходно и неколку секунди подоцна“, напиша таа на X.

Првото видео покажува како беснее невремето, носи покриви и се пред себе, додека второто ја прикажува штетата предизвикана по ударот на ураганот.


Во друго видео таа вели дека за време на ураганот не останале без струја и дека во тој момент веќе се било готово.

"Водата е целосно мирна, ветрот речиси и не дува, се гледа дека косата не ми се мрда. Пред неколку секунди беше многу бучно, но сега се е целосно мирно", рекла таа.

Очигледно е дека инфлуенсерката не „умре“, како што претходно напиша на социјалните мрежи, што предизвика големо внимание.

„Треба да падне на копно во областа Сарасота-Брадентон. Јас сум во Сарасота, живеам на вода, тоа е зона А, задолжителна евакуација“, рече таа претходно.


Да потсетиме, таа објасни зошто не заминува, а причините се што не го положила возачкиот испит, дека е невозможно да се патува со авион бидејќи аеродромот е затворен и дека нејзината претходна евакуација за време на ураганот Иан била трауматична. Таа претходно го напуштила својот дом за да отпатува во куќата на нејзината мајка за време на последниот ураган.

Таа се огласи и на социјалната мрежа Х и рече дека не го напуштала својот дом за време на ураганот.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗАКАНУВААТ СО ИСКЛУЧУВАЊЕ: Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците

СЕ ЗАКАНУВААТ СО ИСКЛУЧУВАЊЕ: Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците

ПРАТЕНИКОТ НА ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛЕ ПИСМО: Зеленски сепак се извинил за кавгата во Овалната соба?

ПРАТЕНИКОТ НА ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛЕ ПИСМО: Зеленски сепак се извинил за кавгата во Овалната соба?

ПРЕМИЕРОТ НА ГРЕНЛАНД: Трамп е непредвидлив

ПРЕМИЕРОТ НА ГРЕНЛАНД: Трамп е непредвидлив

ЈА МЕНУВА ТАКТИКАТА: Еве што ќе им предложи Зеленски на Американците

ЈА МЕНУВА ТАКТИКАТА: Еве што ќе им предложи Зеленски на Американците

ТРАМП ДО ГРЕНЛАНЃАНИТЕ: Ние сме подготвени да инвестираме милијарди долари

ТРАМП ДО ГРЕНЛАНЃАНИТЕ: Ние сме подготвени да инвестираме милијарди долари

ДЕСЕТ НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ ЗА ПРЕСЕЛБА: Исланд е на врвот - кои се другите дестинации?

ДЕСЕТ НАЈДОБРИ ЗЕМЈИ ЗА ПРЕСЕЛБА: Исланд е на врвот - кои се другите дестинации?

БРАТУЧЕДОТ НА ЏЕJ ДИ ВЕНС СЕ БОРЕЛ ВО УКРАИНА: За односот кон Зеленски вели дека не е фер

БРАТУЧЕДОТ НА ЏЕJ ДИ ВЕНС СЕ БОРЕЛ ВО УКРАИНА: За односот кон Зеленски вели дека не е фер

МАЈКА НА ТРИ ДЕЦА ОСВОИ ДВЕ ЛОТАРИИ ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДНА ГОДИНА: „Ќе ги инвестирам паметно“

МАЈКА НА ТРИ ДЕЦА ОСВОИ ДВЕ ЛОТАРИИ ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДНА ГОДИНА: „Ќе ги инвестирам паметно“

СЕГА Е И ОФИЦИЈАЛНО: САД суспендираат 83 отсто од програмите на УСАИД

СЕГА Е И ОФИЦИЈАЛНО: САД суспендираат 83 отсто од програмите на УСАИД