НАЈРАДИКАЛЕН ЧЕКОР ДОСЕГА: Поради коронавирус Бритиш ервејс ги откажа сите летови кон и од Кина
Објавено во: Свет 29 Јануари, 2020
„Бритиш ервејс“ ги суспендираше сите летови меѓу Обединетото кралство и Кина поради коронавирусот.
„Ги суспендиравме сите летови од и кон Кина со моментен ефект, следејќи ги советите од Министерството за надворешни работи кое сугерира да не се оди таму освен во случај кога е неопходно, стои во денешното соопштение на компанијата.
Ова е една од најрадикалните акции на голема авиокомпанија откако се појави коронавирусот, но и откако стана јасно дека се шири со неверојатна брзина. Досега како последица на вирусот починаа 132 лица, а заразени се 6.000 луѓе.
Веќе има потврдени случаи на заболени во Соединетите американски држави, во Јапонија, Германија и Франција.