НАЈВАЖНО Е ДОБРОСОСЕДСТВОТО-ОЧЕКУВАМЕ ДА СЕ СВИКААТ МЕЃУВЛАДИНИТЕ КОНФЕРЕНЦИИ СО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА: Мицотакис со ваква порака од Софија
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021
Очекуваме наскоро да бидат свикани првите меѓувладини
конференции на Европската Унија со Северна Македонија и Албанија, изјави
денеска во Софија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средба со неговиот
бугарски колега Кирил Петков, додавајќи дека позицијата на Грција во време на растечки
тензии е дека единствениот исправен пат во полза на сите е придвижување на
Западниот Балкан кон ЕУ.
– Пред се, најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините конференции со Република Северна Македонија и Албанија, нагласи Мицотакис, потенцирајќи дека Грција која „отсекогаш била лост за напредок на регионот очекува поддршка од Бугарија за оваа заедничка цел“.