30 Април, 2024
0.0320

Најважното што го научив е дека се цени поседувањето на квалитет, не е важно од каде доаѓаш и дали си од Македонија: Интервју Сања Божиновска

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2024

Добивај вести на Viber


Сања Божиновска, успешна жена, менаџер, експерт за енергетика за „Женски Магазин“ вели дека образованието, посветеноста и меѓународните искуства ѝ го трасирале патот во професионалната кариера. Две децении живее и работи како консултант во Чешката престолнина. Низ годините имала можност да престојува на сите континенти и одблиску да го види животот на другата страна на светот. Вели дека во Прага за да ги добиеш раководните позиции се потребни многу труд и знаење, политиката не е инволвирана во секојдневниот живот како што е тоа во Македонија.


ЖМ: Сања, Вие сте успешна жена менаџер долги години. Кажете ни за вашите почетоци во енергетскиот сектор, како почна вашата приказна?

-Мојата приказна почна во 2004 по завршување на моите магистерски студии во Холандија. Ми се јавија од агенцијата за вработување која бараше соодветен кадар, ме информираа дека ја имаат мојата биографија и би сакале да разговараат со мене. Бев на првичното интервју каде што не ми кажаа за каква фирма се работи, и потоа ме викнаа на второ интервју. Тогаш ми кажаа дека станува збор за швајцарска фирма со седиште во Прага која се занимава со трговија на електрична енергија и на третото интервју разговарав со сопствениците и ме одбраа мене. Првите денови беа многу хаотични бидејќи за мене тоа беше нов свет, берзи, многу стручни терминологии, комуникација со многу држави, исполнување на многу рокови. Почнав во секторот за планирање потоа преминав во секорот за краткорочна трговија, па во секторот за долгорочна трговија и после неколку години веќе имав сериозно искуство и бев одговорна за трговија со електрична енергија во земјите на Југоисточна Европа.  

ЖМ: Имате работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи – каква е застапеноста на жените во тие компании?

-Кога почнав да работам бевме само две жени и над 20 мажи во компанијата. Посетував многу конференции каде што над 90% беа мажи. Во мојата работа имаше и многу патувања и негде до 2015 само во Грција и во Република Српска имаше жени на менаџерските позиции во енергетиката. Потоа работите се сменија и еве можам да кажам дека во Романија има повеќе жени во енергетскиот сектор, а во Србија и претходната и сегашната министерка се жени. Секако има уште многу за да се зголеми застапеноста на жените во компаниите, меѓутоа промените се започнати. Во Македонија за жал  на раководните позиции нема ниту една жена, па се надевам дека ова многу брзо ќе се промени.


ЖМ: Како експерт во енергетиката, имавте можност да живеете во Прага. Какви се вашите искуства од тој град?

-Прага е мојот втор дом бидејќи на мои 18 години таму се преселив. Запознав многу пријатели, а и професионалното искуство таму го стекнав. За овој период Прага е трансформирана во сериозна метропола која може да се носи со сите европски метрополи, стандардот е на завидно ниво, а и градот постојано се проширува, се случуваат многу инфраструктурни проекти, многу настани од областа на културата и едноставно ги следи светските трендови. Има интернационална заедница која е застапена во одредени делови на градот, а и локалните луѓе кои живееја во комунизам сега се многу променети. Образованието игра голема улога во развојот на населението и секако меѓународните искуства.

ЖМ: Што е она најважното што го научивте од животот таму?

-Најважното што го научив е дека се цени поседувањето на квалитет, не е важно од каде доаѓаш и дали си од Македонија, секој добива шанса и на тебе е да се докажеш. Можеш да ги добиеш раководните позиции со многу труд и знаење и политиката не е инволвирана во секојдневниот живот како што е тоа во Македонија.

ЖМ: Какви се жените во Прага, колку се на исто ниво позиционирани во однос на мажите ?

-Жените во Прага се назависни и самостојни. Работат на сите високи позиции како и мажите. Тие се сопственички на бизниси, претприемачи, политичарки, деканки… Во составот на парламентот 25% од пратениците се жени а истотака претседател на Домот на пратеници на Парламентот на Република Чешка е жена. Во последно време бројот на жените на високи раководни функции и во бизнисот и во политиката полека, но сигурно расте благодарение на нивната целосна еманципација. Но, и на законите и системот што им помага во тоа. Само да напоменам дека жените може да користат до три години породилно отсуство и ова секако влијае на нивото на вработување кај женската популација. Ова покажува дека целокупното општеството ги препознава и како мајки и како значаен дел од работната сила, а тоа се отсликува и во овој закон, кој им овозможува да воспостават баланс како мајки и деловни жени.


ЖМ: Какви се вашите согледувања од контактите на терен со компании предводени од жени? Постојат ли специфики и карактеристики по коишто се издвојуваат жените во бизнисот?

-Ќе ја цитирам познатата изрека на Челичната дама, Маргарет Тачер која вели „Ако сакате нешто да биде кажано, прашајте маж. Ако сакате нешто да биде направено, обратете се кај жена.“ Жените може истовремено да извршуваат повеќе задачи и да ги согледуваат проблемите од друга перспктива. Имаат поинакви решенија за проблемите, и поинаков однос со вработените. Лидерските карактеристики се поинакви, постојат жени кои се ментори на останатите жени од компаниите и им помагаат во совладување на работните обврски и предизвици и работат на нивно усовршување.


ЖМ: Како успешна жена менаџер со бројни обврски, постојано сте во трка со времето. Како Сања Божиновска си дава оддишка на себе и што е она што најмногу ја исполнува приватно?

-Патувањата се моја пасија, запозавањето нови култури ми внесува нова енергија. Навистина низ годините имав можност да престојувам на сите континенти и одблиску да го видам животот на другата страна на светот. Различни култури, традиции, обичаи и навики, но и приоритети во животот на луѓето. Секоја земја е приказна за себе и секаде може да се најдат позитивни примери. Импресионирана сум од Шангај - инфраструктурата каде што Маглев брзиот воз сe движeшe  со 300 километри на час (сега брзината достигнува и 430 km/h), брзината со која се градат урбаните комплекси, музеи, храмови, висококатници, луксузни хотели а воедно и сочувани градби од минатото и одличната услуга која може да ја добиете.

Нам првенствено ни недостасува добра инфраструктура, модерни автопати, железница која ќе ги поврзува градовите во Македонија. Ние сме мала држава и не е потребно многу за да ја чуваме чиста државата, а не странци и амбасадори секоја година да имаат акции за чистење.Чистиот воздух е основно нешто кое државата мора да го обезбеди за граѓаните, исто така да имаме повеќе зелени површини, сите градови да имаат можност за централно греење и секако можност да се користи јавен превоз кој нема да загадува а воедно и повеќе велосипедски патеки. Да не ја заборавиме и дигитализацијата, во Европа има многу успешни модели кои функционираат што значи потребно е само да се применат кај нас. Потребна е свест кај секој поединец која ќе води кон колективно делување. Промените да почнат од нас, од нашите постапки, семејства, соседски односи, работното и деловното опкружување.


ЖМ: Што прави Сања во слободното време кој е нејзиниот ,,ветер во грб”

Ја сакам уметноста, изложбите, сакам добра театарска претстава и книга. Ме исполнуваат патувањата и секое слободно време го користам за откривање нови дестинации. Верувам во себе, имам безрезервна поддршка од моите родители и мојата тетка, кои ми беа ветер во грб и ме поддржаа да се образувам надвор од Македонија. Сега сакам целото знаење и искуство да го пренесам дома, бидејќи сите сакаме да живееме во подобра држава со подобар стандард и услови. Да работиме на себе, да се едуцираме и да придонесуваме за подобра иднина на сите!

Ирена Ставрова

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024