06 Мај, 2024
0.0302

Наќе Чулев: Гордана Јанкулоска е чесна и одговорна личност

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Последниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев ги искоментира последните одлуки за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и за отказот на советникот од неговиот поранешен кабинет од страна на МВР, како обид за заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета..

- Првиот е поврзан со ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која лично ја познавам и со која сум имал извонредна соработка. Мојот впечаток и впечатокот на колегите со кои сум разговарал во Министерството за внатрешни работи е дека станува збор за исклучително чесна и одговорна личност, која во своето работење постапувала исклучиво во согласност со законите. Тие велат дека Гордана Јанкулоска е министер кој максимално посветено и одговорно го водел МВР. И во таа насока конретниот судски случај и денешната одлука е уште една форма на политички притисок насочена кон заплашување на вработени и поранешни функционери во Министерството за внатрешни работи. Давам силна и искрена поддршка за Гордана Јанкуловска да истрае во овие моменти, и уверен сум дека ќе дојде време кога вистината за нејзината работа ќе излезе на виделина, напиша Чулев на Фејсбук.

Врховниот суд пред два дена и ја одби жалбата на Јанкулоска на пресудата за „Тенк“ и ѝ ја потврди четиригодишната затворска казна. Поранешниот советник на Чулев пак се кошкаше на снимено видео со полициски командант во Тетово на денот на парламентарните избори. Чулев вели дека бил казнет за тоа, но дека актуелниот министер за внатрешни работи решил да му даде отказ.

- Вториот случај е со дисциплинската постапка и отказот против поранешнит советник во мојот кабинет, Зоран Ѓоргиевски – Чикаш. И покрај тоа што за него од моја страна за направениот пропуст беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и беше строго казнет, истата беше поништена и во нова крајно политизирана постапка, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски прави преседан и носи одлука за прекинување на работниот однос. Класично политизиран случај за кој сум сигурен дека судската разрешница ќе покаже дека во овој, како и во многу други случаи раководството на Министерството за внатрешни работи постапило спротивно на законските прописи. Како човек во чиј тим бил и Зоран Ѓоргиевски, стојам позади него. Воедно, ги охрабрувам сите вработени кои се соочени со вакви или слични притисоци своите права да ги побараат пред надлежните комисии и правосудни органи, наведе Чулев.


Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта