Намален бројот на жители во Шпанија поради економската криза
Објавено во: Свет 23 Април, 2013 12:36
Првпат по повеќе од две децении, бројот на жителите во Шпанија минатата година е помал во однос на 2011-та, соопшти шпанската државна статистика.
Главна причина за падот е намалувањето на бројот на имигранти со право на жителство, што е директна последица на длабоката економска криза во Шпанија.
Според најновите статистички показатели, во 2012 година во Шпанија живееле 47,1 милион жители, што е за околу 216.000 помалку во споредба со претходната година. Дури 206.000 од нив се имигранти-жители на Шпанија кои си заминале. Најголем пад на имигранти има меѓу доселениците од Еквадор и од Колумбија.
Намалувањето на населението е уште поголемо ако на тоа се додадат и Шпанците кои ја напуштиле земјата во потрага по работа и подобар живот во земјите од ЕУ или во прекуокеанските држави. Последен пат, намалување на вкупниот број на жители во Шпанија е забележано на почетокот на деведесетите години на 20-от век.
Статистичарите објаснуваат дека најголем демографски раст е забележан во 2008 година, како и во годините пред глобалната банкарска криза. Растот на населението во тие години е последица на економскиот развој на земјата и на градежниот бум, кога на пазарот на недвижен имот се нудеа голем број на релативно евтини станови и куќи, кога Шпанија беше привлечно место за живеење.
Кризата во градежниот сектор, падот на цената на недвижниот имот, вкупната криза и големата невработеност, влијаеа за намалување на имигрантите и на вкупниот прилив на странците, пред се, на оние од земјите на Јужна Америка и од Источна Европа.
- Шпанија не е повеќе атрактивна земја, затоа што нема работа, изјави за домашните медиуми Алберто Естеве, од Центарот за демографски истражувања во Барселона.
Можеби ќе ве интересира
Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот




