20 Декември, 2025
0.0384

Наместо мерки за штедење, еврозоната се фокусира врз економскиот раст

Објавено во: Свет 20 Април, 2013 11:14

Добивај вести на Viber

Еврозоната ќе го забави темпото на понатамошно затегнување на ременот за да даде нов поттик на економскиот раст, коментира еврокомесарот за економски прашања Оли Рен, пренесува Фајненшл Тајмс. Рен истакна дека кога во 2010 година пазарите почнаа да одбиваат да ги финансираат некои земји при нормална ниво на профитабилноста поради стравувањата дека парите нема да бидат вратени, еврозоната немаше никаков друг избор освен да ги намали драстично трошоците и заемите. Комбинираниот дефицит на земјите од монетарната унија во Европа се намали до 3,5% минатата година од 4,2% во 2011 година, но тоа предизвика рецесија во регионот, која се очекува да продолжи и во текот на оваа година, потсетува весникот. Оваа година се очекува комбинираниот дефицит на земјите од еврозоната да се намали до 2,8%. „Во раната фаза на кризата беше исклучително важно да ја повратиме довербата во фискалната политика, бидејќи таа беше доведена во прашање “, коментира Рен. „Немавме избор и презедовме одлучна акција. Сега, кога довербата е вратена на краткорочен план, ни се дава можноста да одиме по порамен пат на фискална корекција на среден рок", рече Оли Рен, истакнувајќи дека во моментов во САД стануваат се позагрижени во однос на намалувањето на дефицитот, отколку во Европа. Еврокомесарот не пропушти да забележи дека Европската централна банка (ЕЦБ) заработи дополнително време за политичарите да ги донесат јавните финансии во ред. Финансиските лидери на земјите од Г-20 го поддржаа оддалечувањето од строгите политики на штедење во најголемите светски економии, со што ја отфрлија идејата за создавање на цврсти цели за намалување на државниот долг поради загриженоста околу бавното глобално закрепнување. Г-20 исто така ќе ги следи за негативни ефекти поради големите парични стимулации, особено во Јапонија, што е знак за зголемената загриженост на новите економии. „Монетарната политика треба да биде насочена кон внатрешната стабилност на цените и поддршка на економското закрепнување", се наведува во заедничкото соопштение по дводневниот состанок на групата. Лидерите на групата повикаа на создавање на банкарската унија, за да помогне во заживување на економијата во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот